Напаѓачот на Евертон и бразилски репрезентативец, Ричарлисон на лето сигурно ќе го напушти клубот.
Бразилецот е на мета на неколку европски клубову и веќе го известил раководството на „карамелите“ дека сака трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Евертон има лоша сезона и се бори за опастанок, а Ричарлисон се вклопи во „сивилото“ и има постигнато само 9 погодоци.
Напаѓачот има договор до 2024 година, а Евертон за неговата слобода бара 60 милиони евра.
Најсилен интерес за Бразилецот покажуваат Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и ПСЖ, па останува да видиме дали некој од овие клубови е спремен да ја плати бараната сума.