Дома Трансфер зона Евертон одреди астрономска цена за Лукаку!

Евертон одреди астрономска цена за Лукаку!

Ѕвездата на Евертон, Ромелу Лукаку неодамна јасно порача дека е спремен за нов предизвик во кариерата, сака да направи чекор напред, па најверојатно ова лето ќе ги напушти „карамелите“.

Евертон сака да го задржи Лукаку и нема лесно да се откаже од својот најдобар стрелец, па поради тоа одреди астрономска цена.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Имено, „карамелите“ за слободата на Лукаку бараат 100 милиони фунти (118 мил. Евра) и нема да преговараат за понуди под оваа сума.

Најсилен интерес за Белгиецот покажуваат Челзи и Манчестер Јунајтед, но сигурно овие два клуба не се спремни да ја платат сумата која ја бара Евертон.

Самиот Лукаку сака да замине и не потпишува нов договор, па треба да се напомение дека „карамелите“ ќе мораат да го продадат ова лето, бидејќи следната година неговата цена драстично ќе се намали бидејќи влегува во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…