Евертон стави крај на серијата од пет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Лестер, откако во претпоследниот натпревар од 31.коло во Премиерлигата, триумфираа 4:2. Колото, в понеделник, ќе го комплетираат Барнли и Арсенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Брлијантно прво полувреме, со пет постигнати гола, одиграа Евртон и Лестер на „Гудисон парк“. Мечот започна со голот на Дејвис во првата минута, а Лестер во наредните девет минути со головите на Слимани и Олбрајтон направи пресврт.
Евертон до крајот на полувремето одоговир со иста мерка, најпрвин во 23.минута израмни на 2:2 Лукаку, а потоа капитенот Џјагелка во 43.минута постигна гол за 3:2
Конечниот резултат и победата на Евртон ја завери Лукаку во 57.минута со својот втор гол. Белгиецот со 23 гола е водечки стрелец во Премиерлигата.
Евертон е седми на табелата со 54 бодови, три помалку од Манчестер Јунајтед кој се наоѓа на позицијата број пет, која обезбедува место во Лига Европа, додека Лестер ја прекина низата од пет победи и со 36 боодви се наоѓа во групата на тимови кои се распоредени од 11-то до 14-то место.