Дома Фудбал Англија Евертон избра привремен тренер – Ова е човекот кој ќе го води тимот против Челзи

Евертон избра привремен тренер – Ова е човекот кој ќе го води тимот против Челзи

„Карамелите“ избраа тренер за натпреварот против Челзи во Лига купот.

Дајвид Ансворт е именуван за привремен менаџер на Евертон на местото на Роналд Куман, на еден ден пред важниот натпревар против Челзи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Куман во текот на вчерашниот ден заработи отказ после серијата очајни резултати и ужасниот пласман на клубот кој се наоѓа во зоната на испаѓање.

Ансворт втор пат во својата кариера ќе биде привремен менаџер на овој клуб бидејќи на сличен начин го предводеше тимот на еден натпревар во 2016 година во последното коло против Норвич.

Иначе, Ансворт е тренер на резервниот тим, добро го познава клубот и нивната филозофија,  но тешко дека ќе биде избран за тренер кој би го водел клубот на подолг период, па така до крајот на неделата се очекува на клупата на Евертон да седне некое големо тренерско име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…