Дома Фудбал Англија Евертон го избрал новиот тренер

Евертон го избрал новиот тренер

Рафаел Бенитез разочара во Евертон, па беше отпуштен. Сега „карамелите“ се во потрага по негова замена. Како главен фаворит сега се истакна Витор Переира.

Според последните информации Переира е главен кандидат. Негов последен клуб беше Фенербахче каде што не се задржа долго. Во кариерата Португалецот има две титули со Порто, една со Олимпијакос и една со кинескиот Шангај, па има потенцијал добро да го води и Евертон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се работи за човек кој афирмираше играчи како Жоа Мутињо, Фалкао, Отаменди, Хулк, Хамес Родригез…Португалските медиуми објавија дека Переира денес пристигнува во Англија на завршни преговори и потпишување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мусовски: Во 2020 година бев погрешно разбран, секогаш сум сакал да играм за Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува клучниот предизвик во четврток – бараж ду…