Ситуацијата со Нејмар навистина веќе не е јасна.
Вчера на големо сите реномирани светски медиуми објавија дека трансферот е завршена работа и дека Бразилецот се враќа на „Камп Ноу“, за денес да се пишува целосно спротивното.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ излезе со вест – пропадна трансферот на Нејмар.
Медиумите вчера на големо пишуваа дека Барселона прифатила да го испрати Французинот Жан Клер Тодибо и Иван Ракитиќ, плус 100 милиони евра. И таа понуда била прифатлива и за ПСЖ, но за ситуацијата да биде збунувачка се погрижи денес „Мундо Депортиво“.
„Невозможно е Нејмар да се врат во Барселона, освен ако во последен момент не се случи некаков спектакуларен пресврт“, стои во објавата на реномираниот шпански медиум.