Дома Останати Кошарка НБА Дурант со големи пофалби за Јокиќ: Тој е еден од најдобрите центри во НБА на сите времиња

Дурант со големи пофалби за Јокиќ: Тој е еден од најдобрите центри во НБА на сите времиња

Денвер нагетс вчера славеше против Феникс санс со 125-100 и избори финале на Западната конференција, а повторно одличен меч одигра српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Јокиќ во серијата против Феникс имаше просек од 34,5 поени, 13,2 скокови и 10,2 асистенции и поради тоа Србинот доби комплимент од Кевин Дурант.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Секогаш имав почит кон Јокиќ. Не сум изненаден од неговите настапи. Не можам да кажам дека дознав нешто ново за него. Денвер е одличен тим, има длабочина и многу играчи играат заедно со години. Јокиќ е еден од најдобрите центри во историјата на НБА-лигата“, кажа Дурант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…