Дома Останати Кошарка Дуда Ивковиќ, татко на југословенската кошарка и татко на сите спортисти (Видео)

Дуда Ивковиќ, татко на југословенската кошарка и татко на сите спортисти (Видео)

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ оддржа краток говор посветен на прославениот кошаркарски тренер, Душан Дуда Ивковиќ во Салата на мирот и пријателството во Пиреј.

Ѓоковиќ на прошталниот натпревар во чест на Дуда беше повикан како специјален гостин.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Чест ми е што сум повикан на овој меч. Дуда Ивковиќ е професор и како татко ни е на сите во спортот, во Србија, Грција… Никогаш не сум играл кошарка, но сум голем љубител на кошарката и секако негов фан, и она што Дуда го направи за нашата кошарка во Србија, но и за спортот ширум светот. Благодарам на сите и благодарност на Олимпијакос за ова фантастично искуство“, истакна Ѓоковиќ.

Дуда за последен пат ќе ја води својата екипа од клупата. Целиот тој приход од влезниците на натпреварот ќе бидат наменети во хуманитарни цели и за грчката организација „Насмевка за децата“, но и за Тиршовој во Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивачи нападнаа автобус во Италија – возач почина откако го погодиле со цигла (Видео)

Еден од возачите на автобусот кој превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја загина …