Дома Фудбал Италија Другата страна на спорните снимки – Од Јувентус убедени: Се води медиумска хајка против нас! (Видео)

Другата страна на спорните снимки – Од Јувентус убедени: Се води медиумска хајка против нас! (Видео)

Јувентус е дефинитивно најомразениот клуб во Италија го покажуваат тоа и случувањата после драматичната победа на „старата дама“ над Интер.

Се започна со објавувањето на видеа на друштвените мрежи кои како што порачуваат од Јувентус се протолкувани на целосно погрешен начин.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На сето тоа наседна и обвинителот Џузепе Пекораро. Главниот обвинител на Фудбалскиот сојуз на Италија отиде чекор подалеку и побара да му бидат доставени снимките.

Да анализирам се по ред.

Првата ситуација се однесува на судијата Паоло Таљавенто кој според извештаите на италијанските медиуми во продолжението изговорил „facciamo il recupero a vinciamo“, што во превод значи „ќе победиме во продолжението“.

Меѓутоа, сето ова е погрешно протолкувано и во суштина спорниот момент се случи во финишот од полувремето, а не на крајот од натпреварот. Бидејќи како е можно исклучениот Масимилијано Алегри да стои покрај Таљавенто кога веднаш по голот на Игуаин беше испратен во соблекувалната?

Таљавенто во 44 минута од првото полувреме главниот судија го запраша:

„Quanto reupero facciamo?“, т.е „Колкаво ќе биде продолжението“. Во сето тоа можете да се уверите во видеото под тексот.

Втората ситуација се однесува на средбата на Алегри и Таљавенто во микс соната на „Сан Сиро“. Нивниот разговор е протолкуван погрешно.

Таљавенто: „Sera, Mister (Добро вечер, тренеру)

Алегри: „Ciao, Taglia (Здраво, Таља)

Алегри: Mi sono comportato bene? (Дали се однесував добро?)

Таљавенто: Браво, браво (Добро добро)

Алегри: Sono stato bravo? (Бев добар?)

Таљавенто: Ottimo (Одличен)

Значи при разговорот со четвртиот судија од саботниот натпревар на „Џузепе Меаца“, Алегри мислел на своето однесување после исклучувањето и заминувањето веднаш во соблекувалната, а не на судијата Орсато.

Меѓутоа, овој срдечен поздрав помеѓу Алегри и Таљавенто привлече многу внимание и споменатиот двоец веројатно набрзо ќе се огласи после што се би требало да биде разјаснето.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…