Рускиот возач Андреј Кардинов направи хаос за време на последната етапа на познатото Релито Дакар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Возачот на рускиот тим Камаз постапи крајно несовесно и влета во мала група на луѓе во среде пустина, а еден од нив тешко го повреди.
Се работи за Јужноафриканец кој не успеа да избега од тркалата на камионот и заработи скршеница на потколеницата. Тој со тешки повреди беше транспортиран во болница во најблискиот град.
Овој инцидент ги зачуди сите, а Кардинов експресно беше дисквалификуван од релито поради својата постапка.