Денеска се оддржа третата етапа од годинешниот Рели Дакар, а целата трка ја одбележа немилиот настан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено,Нани Рома, шампион на Дакар од 2014. година, на стотина метри пред финишот доживеа тежок инцидент, превртувајќи се со своето возило.
Рома и неговиот совозач се здобија со тешки повреди, по што итно беа пренесени со хеликоптер во болницата во Лима.
Иако се наѓа се уште на детални прегледи, Нани Рома велат, не е во животна опасност. Неизвесно е уште кога ќе закрепне и дали воопшто ќе се врати на годинешното издание на Дакар.