Португалскиот стратег, Андре Вилаш Боаш сака повторно да седне на тренерската фотеља.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако своевремено се забавуваше со настапи на рели дакар, Вилаш Боаш кој во минатото имаше третман како новиот Жозе Мурињо, планира да се врати на тренерската професија и има прилично високи амбиции.
Во разговор за медиумите, овој 40-годишен Португалец откри дека учи германски и дека целта му е еден ден да преземе некој бундеслигашки тим. Желбата ниту помалку, ниту повеќе е Баерн Минхен.
„Со години учам германски за да остварам можност да заминам во некој клуб од Бундеслигата. Се надевам дека тоа ќе се случи уште на лето“, истакна Вилаш Боаш и додаде:
„Би лажел доколку би кажал дека не сум заинтересиран за Баерн, кој има неверојатен квалитет и припаѓа во елитата на европскиот фудбал. Го следи целиот свет“.
Последниот ангажман на Вилаш Боаш беше во Кина, каде го предводеше Шангај СИПГ, а уште имаше прилика да ги предводи, Зенит, Тотенхем, Челзи како и Порто.