Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Енди Кол поради болест ќе мора да оди на нов оперативен зафат, односно трансплантација на бубрег.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Кол во 2014 година му беше откриен вирус кој го напаѓа бубрегот поради што подолго време беше на лекување, а сега мора повторно.
Кол моментално е амбасадор на Манчестер Јунајтед, а од клубот соопштија дека ќе мора да направи кратка пауза од својата работа.
„Во периодот на лечењето Енди Кол ќе направи кратка пауза како амбасадор на клубот. Исто така тој и неговото семејство се заблагодаруваат на сите навивачи за поддршката и замолија да се почитува нивната приватност во наредниот период“, се наведува во соопштението од клубот.
Кол во дресот на Јунајтед одигра 275 натпревари и постигна 121 гол во периодот од 1995 до 2001 гоидна. Во кариерата играше уште за Арсенал, Фулам, Њукасл, Манчестер Сити, Портсмут, Бирминем, Сандерленд, Барнли и Нотингем Форест.