Дома Фудбал Репрезентации Драма каква што ретко се гледа: Ирак водеше до 95-та минута, па доживеа елиминација од Јордан!

Драма каква што ретко се гледа: Ирак водеше до 95-та минута, па доживеа елиминација од Јордан!

Фудбалерите на Јордан на неверојатен начин се пласираа во четвртфиналето од Купот на Азија во Катар.

Во осминафиналето во Доха Јордан славеше со 3:2 против Ирак и тоа со пресврт кој го режираа со два гола во судиското продолжение.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ирак одигра одлична групна фаза и ја победи дури и Јапонија која е прв фаворит за освојување на турнирот, па така направи изненадување во костурот поради што се случи и да гледаме големо дерби помеѓу Саудиска Арабија и Јужна Кореја уште во осминафиналето.

По таква групна фаза се очекуваше Ирак да дојде најмалку до четвртфиналето, но паднаа на првата препрека во нокаут фазата и тоа во натпреварот со селекцијата која тука се пласираше како една од четирите најдобри третопласирани во групите.

Јордан поведе во финишот од првото полувреме, Ирак со головите во 68-та и 76-та минута направи комплетен пресврт. Кога се мислеше дека се е готово Јордан со два гола во 95-та и во 97-та приреди големо изненадување.

За место во полуфиналето тие ќе се борат против дебитантот Таџикистан кој вчера славеше против ОАЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Легенда на Баерн порач: Ако треба да бирам, секогаш би го избрал Левандовски пред Кејн“

Легендата на Баерн и еден од најдобрите средни играчи во историјата на овој тим, Марио Бас…