Дома Луд Спорт Драматични сцени: Судија спаси живот на фудбалер! (видео)

Драматични сцени: Судија спаси живот на фудбалер! (видео)

Драматични сцени беа видени денес на хрватскиот Куп натпревар помеѓу Цибалија и Истра, кој заврши со победа на гостите (2:3).

Но резултатот остана во втор план поради инцидентот кој го доживеа фудбалерот на Цибалија, Филиповиќ. Тој при еден контакт со Миличевиќ остана да лежи на тревата без свест.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тој момент настана паника, а најприсебен меѓу сите беше главниот судија Бруно Мариќ кој на 21 годишниот фудбалер му го извади јазикот за да спречи гушење.

„За среќа бев блиску, на метар од играчот кој падна. Доби силен удар во главата. Веднаш видов дека се гуши. Останав мирен бидејќи имам поминато таква обука на семинар, судам цел живот и знам што мора да направам во таква ситуација. Му го извадив јазикот. Речиси ми го одгриза прстот, но ни успеа. Не можам да ви го опишам чувството кога младиот играч ги отвори очите. Играч на Истра дојде до мене и сите се прегрнавме. Филиповиќ ми се заблагодари што му го спасив животот. Фудбалот понекогаш пишува приказни кои се многу поважни од играта и од резултатите“, истакна судијата Мариќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, македонскиот „крал на местенките“

На 75-годишна возраст денеска по кусо боледување почина легендарниот Велибор Џаровски R…