Европскиот пат на ПСЖ заврши вчера со поразот од Реал Мадрид, очекувано по елиминацијата во тимот од Париз владее големо разочарување.
Еден од оние кои беа најмногу разочарани беше Германецот, Јулијан Дракслер кој шанса за настап доби во финишот од натпреварот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Бевме изедначени, но тоа ништо не менува, ситуацијата за нас беше иста. Требаше да продолжиме да притискаме и напаѓаме…Останавме со играч помалку, иако успеавме да изедначиме, целиот стадион знаеше дека нема да успееме да направиме пресврт бидејќи немавме силен интезитет на теренот. Реал беше самоувремен и воопшто не покажа нервоза“.
„Додававме напред-назад, така не се постигнуваат голови. Кога губиш 1:3 од Реал мораш да ги притиснеш, а не само додаваш и да се надеваш дека нешто ќе се случи. Минатото лето потрошивме 400 милиони евра и сите сметаа дека можеме да направиме чекор напред, но ние повторно не направивме ништо. Забележително беше дека нешто ни недостасува, мораме да се запрашаме што е тоа“, изјави Дракслер.