Дома Македонски спорт Мак фудбал До кога ФФМ ќе го чека Цапар? Бројките велат – со отказот веќе и се доцни!

До кога ФФМ ќе го чека Цапар? Бројките велат – со отказот веќе и се доцни!

Сакаме успех, сакаме да се радуваме на победи на националната селекција, но како до нив ако не одиме во правилна насока уште во помладите категории? Селекцијата на фудбалери до 21 година која треба да биде онаа од каде што фудбалерите ќе „тропаат на вратата“ на сениорската репрезентација предводена од Драги Канатларовски бележи благо кажано катастрофални резултати, да благокажано за жал…

Вчера бевме сведоци на уште еден дебакл, Холандија не прегази со 5:0. Дури и толку убедливиот пораз не ја отсликува нашата анемична и ужасна игра на теренот. Македонија во 90 минути скоро и да не помина на противничката половина, не шутнавме ниту еднаш, имавме 20% посед на топката – игра рамна на аматерска селекција!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Но, веројатно и немаше да биде толку проблем ако во прашање е само еден натпревар од самото доаѓање Цапар нема резултати, а не „прави“ ниту фудбалери кои можат да допринесат во првиот состав…Се сеќавме дека селекцијата која избори пласман на нашето историско Европско првенство беше во добар дел составена од фудбалери кои претходно беа дел токму од У21 селекцијата и прво тука настапија на еден континентален собир.

Велат дека статистиката е како „бикини“ и го покрива она најважното, но во овој случај на Цапар јасно ни покажува колку неговата работа не е како што треба, а оние кои ги следат настапите на младинската селекција тоа веќе добро го знаат.

Од официјалното деби против Франција на 16.11 2021 година Канатларовски националниот тим го предводеше на 27 натпревари и во нив оствари само девет победи.

Победи Македонија под негово водство забележа со Косово, Ерменија, Босна и Херцеговина (два пати), Финска (на пенали), Малта, Шведска, Гибралтар и Полска.

Кога би ги тргнале настрана пријателските натпревари, Цапар победил само трипати во скоро три години (Ерменија, Шведска, Гибаралтар)…Под негово водство имаме и порази од селекции како Фарски Острови, Молдавија, Летонија…

Во овие последни квалификации нашите надежи во седум натпревари постигнаа и само три гола и забележаа две победи, против Гибралтар и онаа сензационалната на стартот против Шведска. На табелата само Гибралтар е полош од нас, но и тие како и ние имаат три гола…

ЕДНОСТАВНО ПРЕМАЛКУ! Зошто тогаш Цапар уште е селектор? Е, тоа е прашање на кое немаме одговор исто како и што немаме одговор на прашањето уште колку луѓето во ФФМ ќе чекаат за нешто да променат….

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Две победи и еден пораз фудбалерките до 17 години на турнирот во Италија

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа две победи и еден пораз …