Дома Фудбал Де Лихт: До вчера имав дилема кој е најдобар на светот, сега веќе немам

Де Лихт: До вчера имав дилема кој е најдобар на светот, сега веќе немам

Реал Мадрид го победи Баерн со 2:1 во неверојатниот реванш полуфинален натпревар од Лигата на шампионите и со вкупни 4:3 се пласираше во финалето каде на 1 јуни на Вембли ќе се соочи со Борусија Дортмунд.

Баерн поведе со прекрасниот гол на Алфонсо Дејвис во 68. минута, а Реал направи пресврт со головите на Хоселу во 88. и 91. минута. Тој во игра влезе во 81. минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По натпреварот изјава даде Матијас де Лихт, стоперот на Баерн кој во двата случаи беше во непосредна близина на Хоселу, но не можеше да го спречи. Холанѓанецот денеска тврди дека по овој натпревар за него се отстранети сите сомнежи кој играч во моментов е најдобар на светот.

„До вчера имав дилема кој е најдобар на светот, сега веќе не. Винисиус е неверојатен играч, за мене тој е најдобар на светот. Тој е исклучително брз, добар со топката, постигнува голови и доминира во ситуации еден на еден. Нема подобар од него“, изјави Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…