Дома Фудбал Останато До „вчера“ играше за нив, а сега го навредуваа на расна основа!

До „вчера“ играше за нив, а сега го навредуваа на расна основа!

Навистина катастрофално лош гест од страна на навивачите на Рома…

Во натпреварот помеѓу Рома и Челзи, навивачите на „волчицата“ со мајмунски изввици го навредуваа Антонио Рудигер, човекот кој минатата сезона ги бранеше боите на нивниот клуб!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Токму поради овој инцидент УЕФА започна постапка против Рома која ја чека жестока казна поради испадот на нејзините навивачи.

Да потсетиме, Рудигер минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на Рома и за сума од 30 милиони евра се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Иначе, Рудигер пред напуштањето на Рома даде изјава по повод расизмот во италијанскиот фудбал.

„Расизмот е пресериозен проблем во Италија. Инциденти како што овој (на ист начин беше навредуван Мехди Бенатија од Јувентус), често пати се случуваат и тоа мора да биде прекинато“, гласеше изјавата на одличниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човекот кој „забоде нож во срцето“ на Реал Мадрид, сега се враќа како тренер?

Алваро Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид. Претседателот на клубот, Флорентино П…