Дома Фудбал Италија „Дојди да ти шепнам нешто“ – краткиот филм кој вчера го режираа Коларов и Гатузо (ВИДЕО)

„Дојди да ти шепнам нешто“ – краткиот филм кој вчера го режираа Коларов и Гатузо (ВИДЕО)

Џенаро Гатузо секогаш зборуваше без влакна на јазикот и важи за човек кој ќе направи се за да дојде до победа. Таков беше како играч, а таков е сега и како тренер. А добро е познато и дека Алекандар Коларов не се дава себеси.

Таквите двајца јунаци се намерија еден на друг вчера вечер на стадионот „Олимпико“ каде Рома го пречека Милан. „Росонерите“ славеа со 2:0, а камерата забележа некој вид на вербален дуел помеѓу српскиот фудбалер и тренерот на Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Траеше тоа триесеттина секунди, па на крајот мораше да се вмеша и главниот судија Паоло Мацолени за да ги смири страстите, а играта продолжи.

Сепак, двајцата нешто подоцна покажаа дека немало замерки и спортски се поздравија во духор на фер плејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан почна преговори со Ковачиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан покажува силен интерес за хрватскиот репрезен…