Дома Топ вести Дојде како големо засилување, заминува после само 4 месеци

Дојде како големо засилување, заминува после само 4 месеци

Зимскиот преоден рок почнува за помалку од еден месец, а веќе сега почна да се шпекулира за можните големи трансфери кои ќе се случат во јануари.

Италијанските медиуми пренесуваат дека големото летно засилување на Милан, Хакан Чалканоглу би можел да го напушти „Сан Сиро“ уште во јануари.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


23-годишниот турски репрезентативец не се снајде баш најдобро во Серија А и за сега не пружа партии какви се очекуваа од него.

Чалканоглу оваа сезона има постигнато само 2 гола и 6 асистенции на 19 натпревари, но севкупниот впечаток е разочарувачки.

Медиумите тврдат дека за него се силно зиинтересирани двата најголеми турски клуба, Галатасарај и Фенербахче кои сакаат да го донесат во јануари.

„Росонерите“ за неговиот потпис платија 24 милиони евра, па доколку пристигне приближна понуда се спремни да ја прифатат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…