Дома Трансфер зона Дортмунд ќе мора да продава, Санчо се поблиску до „Олд Трафорд“

Дортмунд ќе мора да продава, Санчо се поблиску до „Олд Трафорд“

Борисија Дортмунд се соочува со финансиски проблеми и ќе продаде најмалку една своја ѕвезда во летниот преоден рок, пренесуваат германските медиуми.

„Спорт 1“ тврди дека прв на листата за продажба е Џејдон Санчо, а причина е слабата форма на тимот и на економските последици од пандемијата на Ковид.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Шансата ќе ја искористи Манчестер Јунајтед, кој силно го посакуваше Санчо уште минатото лето. Тогаш „црвените ѓаволи“ сметаше дека е превисока цената од 120 милиони евра која ја бараше Дортмунд.

Според последните информации Дортмунд ја намалил цената на Санчо и е спремен да го пушти за 90-100 милиони евра, сума која Јунајтед е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…