Дома Трансфер зона Дортмунд ја одреди сумата за Дембеле – Барса во шок!

Дортмунд ја одреди сумата за Дембеле – Барса во шок!

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона остварила контакт со Борусија Дортмунд за трансфер на крилниот напаѓач, Осман Дембеле.

Умтити пред два дена откри дека Дембеле е трансфер цел на Барселона, а денес „Мундо Депортиво“ потврди дека Каталонците започнале преговори со германскиот клуб.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа, „милионерите“ ги шокирале своите колеги од Каталонија бидејќи за слободата на младиот Французин бараат неверојатни 90 милиони евра.

Барселона сигурно нема да ја плати оваа сума, бидејќи како што тврди весникот Каталонците биле спремни да понудат 30 милиони евра.

Дембеле беше донесен на „Сигнал Идуна Парк” минатото лето од Рен за сума од 15 милиони евра. Тој одигра одлична дебитантска сезона во која постигна 10 гола и 21 асистенции во 49 натпревари

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…