Борусија Дортмунд сака да си го врати назад напаѓачот на Реал Сосиедад, Алексадар Исак, пренесува „Скај Германија“.
Според изворот 21-годишниот напаѓач е фаворит за наследник на ѕвездата Ерлинг Халанд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За Халанд интерес покажуваат најголемите европски гиганти и се очекува да ја напушти Борисија Дортмунд, па поради тоа „милионерите“ веќе бараат замена.
Исак минатата сезона одигра одлично во Реал Сосиедад, а добри партии покажа и на ЕУРО, па „милионерите“ веруваат дека ќе биде идеална замена за Халанд.
Сосиедад е спремен да го пушти напаѓачот, но за неговата слобода бара 35 милиони евра.