Дома Трансфер зона Дортмунд му дава нова шанса: Бен Арфа на „Вестфален“?

Дортмунд му дава нова шанса: Бен Арфа на „Вестфален“?

Напаѓачот на Пари Сен Жермен се наоѓа на мета на германскиот гигант.

Ретко кога Хатем Бен Арфа во својата кариера успевал да го оправда големиот потенцијал кој го покажуваше во младинските категории на Лион. После очајната сезона во Њукасл се рехабилитираше во Ница, но повторно потфрли во двегодишната авантура во Париз.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ова лето 31 годишниот фудбалер го напушти ПСЖ, а последна шанса да за покажување на потенцијалнот кој го поседува ќе му пружи Борусија Дортмунд. Имено, францускиот „Л’Eкип“ денес објави дека „милионерите“ се сериозно заинтересирани за Бен Арфа кој можат да го доведат како слободен фудбалер.

Швајцарецот Лусијан Фавр неодамна седна на клупата на Борусија и токму тој е главниот иницијатор за доведување на искусниот фудбалер.

Единствена дилема е каде Бен Арфа би играл во Дортмунд со оглед дека на „Вестфален“ има навистина повеќе офанзивни фудбалери (Ројс, Шурле, Пулишиќ, Јармоленко, Санчо…), а конкуренцијата неодамна ја засилија Мариус Волф кој пристигна од Ајнтрахт за сума од пет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…