Душан Влаховиќ е еден од најдобрите млади фудбалери во Италија, а оваа сезона блеска во дресот на Фиорентина со постигнати 21 гол.
Како што пренесува „Калчомеркато“ Влаховиќ смета дека е време да направи исчекор во кариерата и сака да ја напушти Фиорентина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно поранешниот напаѓач на Партизан е на маета на Милан и Борусија Дортмунд и двата клуба веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Фиорентина ќе се обиде да го убеди да остане и му нуди нов договор со значително зголеување на платата, но се чини дека напаѓачот е решен да ја промени средината.
Фиорентина за 21-годишниот напаѓач бара 50 милиони евра, сума која споменатите клубови не се спремни да ја платат и ќе се обидат да ја намалат преку преговори.