Дома Трансфер зона Дортмунд го стопира трансферот на Обамејанг во Арсенал поради добра причина

Дортмунд го стопира трансферот на Обамејанг во Арсенал поради добра причина

Иако Пјер-Емерик Обамејанг уште вчера допатува во Лондон, се уште не потпиша договор со Арсенал, а за тоа постои добра причина.

Неговиот актуелниот клуб Борусија Дортмунд постигна договор со Арсенал за надомест кој ќе изнесува 60 милиони фунти, но едноставно не смее да го дозволи неговиот потпис со „топчиите“ пред да најде алтернатива.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Со оглед на тоа што денеска е поселдниот ден од трансфер периодот, Борусија не сака да се доведе во ситуација да остане без Обамејанг, а да не доведе некој друг напаѓач, па поради тој трансфер Габонецот во Арсенал се уште е на чекање.

Наводно, Борусија во текот на денот би требало да го ангажира Мичу Батшуаи, кој би требало да претставува замена за најдобриот стрелец на екипата. Иако се уште ништо не е официјализирано, би било големо чудо овие трансфери да не се завршат до крајот на денот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …