Борусија Дортмунд го сака напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и тоа во зимскиот преоден рок.




Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Борусија сака да ја искористи таквата ситуација.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Милионерите“ се свесни дека на крајот на сезоната ќе останат без Халанд, па во Србинот гледаат идеална замена за Норвежанецот.




Јовиќ има големо искуство во Бундеслигата, каде ја доживеа својата афирмација и е спремен да ја прифати понудата на Борусија Дортмунд.
Германскиот клуб го сака Јовиќ уште во јануари, на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.