Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ се врати и веднаш беше на чекор од трипл-дабл, Леброн и Дејвис подобри до Јокиќ (ВИДЕО)

Дончиќ се врати и веднаш беше на чекор од трипл-дабл, Леброн и Дејвис подобри до Јокиќ (ВИДЕО)

Во изминатата вечер во НБА лигата од повреда се врати Лука Дончиќ.

Одличниот словенски кошаркар пропушти одреден период поради повреда на зглобот, а на паркетот се врати во натпреварот помеѓу Далас и Сакраменто.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мавси лесно дојдоа до победата со резултат 131:111, а Дончиќ беше незапирилив за Кингси. Натпреварот го заврши со 33 поени, 12 скокови и 8 асистенции за 31 минута на паркетот. Покрај Дончиќ одличен беше и Кристап Порзингис кој уфрли 27 поени и имаше 13 скокови. На другата страна Бредли Хил уфрли 22 поени.

Во најинтересниот натпревар во вечерта Лејкерси на гости запишаа триумф против Денвер после продолжение со 120:116. Во навистина одличен натпревар Лејкерси беа за нијанса подобри и до победата стигнаа предводени од својот Ол-Стар тандем.

Ентони Дејвис уфрли 33 поени и имаше 10 скокови, додека Леброн оствари трипл-дабл од 32 поени, 14 асистенции 12 скокови. Кај Наџентси Џамал Мареј уфрли 32 поени и имаше 10 асистенции, Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 22 поени и 11 скокови.

НБА резултати:

Кливленд – Атланта 127:105

Орландо – Детроит 116:112 пп

Бруклин – Торонто 101:91

Индијана – Милвоки 118:111

Њујорк – Вашингтон 96:114

Мемфис – Портланд 111:104

Минесота – Шарлот 108:115

Далас – Сакраменто 130:111

Феникс – Голден Стејт 112:106

Јута – Мајами 116:101

Денвер – Лејкерси 116:120 пп

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…