Дома Останати Кошарка Дончиќ повторно испиша историја: Сруши рекорд стар 40 години!

Дончиќ повторно испиша историја: Сруши рекорд стар 40 години!

На сите во Далас им е јасно дека словенечкиот репрезентативец е најдобриот кошаркар во клупската историја и дека за време на неговиот мандат веројатно ќе ги собори сите можни рекорди поставени од Дирк Новицки.

Дончиќ е на пат да ги собори сите индивидуални рекорди поставени од Новицки, како и други одлични играчи кои ги испишаа страниците на историјата на клубот од неговото основање во 1980 година. Само во текот на оваа сезона Дончиќ има просек од 33,9 поени и втор по асистенции (9,8.).

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Сега тој собори еден од поважните клупски рекорди во победата на Далас над Шарлот (130:104). Дончиќ стана најефикасниот кошаркар во историјата на Далас во една сезона.

На крајот од третата четвртина, со својата седма тројка на натпреварот, Дончиќ стигна до вкупно 2.332 поени оваа сезона и го остави зад себе Марко Агире со 2.330 во сезоната 1983/84, додека уште порано го надмина Дирк Новицки и неговите 2.151 поени од сезоната 2005/06.

Дончиќ ќе има уште три натпревари пред плеј-офот за дополнително да го подобри својот настап, а дуелот со Хорнетс заврши со 39 поени, 12 скока и 10 асистенции, заедно со осум тројки од 17 обиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ќе биде тренер на Денвер од следната сезона?

Тренерот на кошаркарите на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, изјави дека не е сигурен дали ќе…