Лука Дончиќ се повреди пред почетокот на НБА плеј-офот.
Во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната главната ѕвезда на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повредана листата и го чека долга пауза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проблемот за Далас е што плеј-офот започнува, а Дончиќ сигурно ќе го пропушти првиот натпревар против Јута, а постои шанса да не игра и во натпреварот број два.
Како што пренесува ЕСПН, повредата на Дончиќ на листото на левата нога не е од посериозна приорода, но сепак бара нега и одмор. На социјалните мрежи се појавија и фотографии од Дончиќ и пред една клинка во Далас.
Самиот Дончиќ се уште не зборувал за повредата во медиумите, но соиграчите се оптимистични дека Лука брзо ќе се врати на паркетот.
💔💔💔💔💔 Luka got a boot on man pic.twitter.com/8huAbdYzMc
— Mark Jackson’s Burner (@casualtakeking) April 11, 2022