Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ го водеше Далас до победа и изедначување во серијата 🎥

Дончиќ го водеше Далас до победа и изедначување во серијата 🎥

Лука Дончиќ го предводеше Далас до победа од 111:101 против Феникс со која Маверикс дојдоа до изедначување во серијата на 2:2.

Словенецот натпреварот го заврши со 26 поени со кои стана трет најефикасен кошаркар во историјата на НБА во првите 20 одиграни натпревари во плеј-офот. Пред него се Мајкл Џордан со 718 и Вилт Чембрлен со 705.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Три скока му недостасуваа на Дончиќ за да дојде до трипл-дабл и натпреварот го заврши со 26 поени, 11 асистенции и седум скока. Покрај Дончиќ добри настапи имаа Фини Смит со 24 поени и Брансон со 18.

Кон победата Далас започна да чекори во првата четвртина кога направи двоцифрена предност и постигна 37 поени. Најефикасниот кај Феникс беше Девин Букер со 34 поени, Kраудер додаде 15 поени, а Ајтон 14 поени и 11 скокови.

Во натпреварот кој се играше подоцна Филаделфија исто така стигна до 2:2 после победата против Мајами од 116:108. На Мајами не помогнаа и 40 поени на Батлер, додека за Филаделфија Харден уфрли 31 поен и додаде уште седум скока и девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …