Најдобриот фудбалер на ЕУРО, Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан како слободен агент и ќе се пресели во ПСЖ.
22-годишниот голман за прв пат се огласи и истакна дека деталите ќе ги открие следните денови, но не ја криеше љубовта кон клубот каде поникна.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Секогаш ќе го сакам Милан и ќе навивам за „росонерите“. За останатото ќе зборувам следните денови. Сега се насладувам на победата на ЕУРО и ќе одам на одмор“, изјави Донарума.
„Секогаш ќе бидам фан на Милан и на клубот му го посакувам најдоброто. Не значи дека љубовта прекинува како ќе се донесат одлуки да се тргне по друг пат“, додаде голманот.