Дома Фудбал Италија Донарума: „Сакаме да го вратиме Милан таму каде што припаѓа“

Донарума: „Сакаме да го вратиме Милан таму каде што припаѓа“

Репрезентацијата на Италија вчера се собра за да се подготви за претстојните натпревари во Лигата на нациите, а прв кој се одзва на повикот е голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.

„Ние сме одличен тим. Дишевме еден за друг и заслужено славевме во тој натпревар“, изјави Донарума за победата на Милан изминатиов викенд над Рома.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Наследникот на Буфон на голот на Италија најави дека амбициите на „Сан Сиро“ се зголемени и дека сакаат што подобри резултати.

„Јас сум мирен човек. Работам напорно од ден во ден и имам желба да напредувам. Сакам да му помогнам на тимот да го вратиме Милан таму каде што му е местото, а тоа е Лигата на Шампионите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рашфорд: Би сакал да играм со Јамал, се надевам дека тоа ќе стане реалност

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд призна дека би сакал да биде соиграч со суп…