Екипата на Челзи успеа да обезбеди две засилувања во самата завршница од преодниот рок.
Антонио Конте и Челзи ова лето беа одбивани многу пати, а така беше и во последниот ден од преодниот рок кога Рос Баркли и Фернандо Љоренте одбија да се преселат на „Емирати“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак во последен момент „сините“ успеаа да доведат две засилувањам едно во дефанзивната линија и едно во средниот ред, но тешко е да се каже колку навивачите ќе бидат задоволни.
Како засилување во одбраната пристигна дефанзивецот на Торино Давиде Запакоста за кого Челзи плати 28 милиони евра, а италијанскиот клуб би можел и дополнително да заработи доколку фудбалерот исполни одредени услови.
Вториот фудбалер е сега веќе поранешниот фудбалер од средината на Лестер, Дени Дринквотер кој чекаше „лисиците“ да му дадат зелено светло за да ги изврши медицинските прегледи.
Дринквотер потпиша договор на пет години, а Челзи за неговите услуги наводно платил 35 милиони евра.
Davide Zappacosta is a Blue! #WelcomeDavide https://t.co/c3C8TbLeZm
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 31, 2017
Danny Drinkwater is a Chelsea player! ?#WelcomeDrinks https://t.co/DpMohkJaPr
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 1, 2017