Дома Фудбал Англија „Дожд“ од голови на Боксинг Деј, фаворитите сигурни🎥

„Дожд“ од голови на Боксинг Деј, фаворитите сигурни🎥

Многу ефикасна празнична програма на Островот. Фаворитите остварија сигурни победи, а Сити и Лестер одиграа меч со девет голови.

Манчестер Сити фуриозно го започна натпреварот и после првите 25 минути веќе имаше предност од 4:0.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Де Бруј  го отвори резултатот во 5-та минута, а неколку минути подоцна Марез големи на 2:0. До крајот на полувремето погодија Гундоган и Стерлинг за високи 4:0.

Иако се чинеше се готово, „лисиците“ во второто полувреме се погрижија за драма и стигнаа до 4:3 до 66-та минута. Кратко траеше неизвесноста бидејќи Лапорте неколку минути подоцна погоди за 5:3, а конечниот резултат го постави Стерлинг.

Тотенхем беше сигурен на домашен терен и со 3:0 го победи Кристал Палас, додека Арсенал пукна „петарда“ на гостувањето кај Норвич. Вест Хем и Саутемптон одиграа драматичен натпревар, кој на крајот им припадна на гостите (2:3).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Супер-голот на Несторовски со кој го потврди новиот дебакл на Динамо Загреб 🎥

Илија Несторовкси кој летово се врати во хрватскиот фудбал во дресот на Славен Белупо беше…