Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше избран за најдобар менаџер за месец април во Премиер лигата.
„Граѓаните“ во четвртиот месец од годината одиграа пет натпревари во Премиер лгиата и сите натпревари ги добија, па Гвардиола сосема заслужено го доби ова признание. Треба да се додаде дека и Ливерпул на чело со Клоп исто така победи на сите пет натпревари, но сепак клучната работа беше во тоа што Сити го задржи првото место.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно е тоа што Манчестер Сити речиси цела сезона игра одлично, а особено од нова година, за Гвардиола ова е второ овосезонско признание за најдобар тренер во месецот. На пример, Пеп минатата година четири месеци беше избран за менаџер на месецот.
Клоп исто така има две признанија, додека Солскјер, Бенитез, Хау, Санто и Гарсија признанието го добија по еднаш.
Yes, boss! ?
Pep is the @premierleague Manager of the Month for April!
? #mancity pic.twitter.com/Tr50lm2Xs2
— Manchester City (@ManCity) May 7, 2019
Инаку, за најдобар гол на месецот е избран голот на Еден Азар против Вест Хем, а се уште чекаме да дознаеме кој ќе биде играч на месецот.