Дома Фудбал Англија Додека фановите го слават одличниот старт, Карагер порачува: Ако Ливерпул играше против подобар тим можеше да изгуби

Додека фановите го слават одличниот старт, Карагер порачува: Ако Ливерпул играше против подобар тим можеше да изгуби

Вчера Ливерпул на стартот на новата сезона од Премиер лигата го победи Норвич со 4:1.

Фановите после триумфот се загрижени поради повредата на првиот голман Алисон, меѓуота легендарниот играч на овој тим Џејми Карагер забележал друг проблем.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поранешниот стопер на „црвените“ за „Скај Спорт“ го коментираше натпреварот, а после истиот порача дека иако Ливерпул победил со 4:1 Клоп ќе има што да им каже на своите фудбалери.

„Ливерпул победи, меѓутоа сигурен сум дека имаат за што да зборуваат во соблекувалната. Офанзивната беше добра, но тимот изгледаше навистина лошо во одбраната. Чудно беше да се види на десет минути пред крајот дека водат 4:1. Ако Ливерпул играше против подобар тим вечерва можеше и да го изгуби натпреварот“, смета Карагер.

Оваа изјава на Карагер веројатно посебно се однесува за првото полувреме во кое Норвич имаше неколку одлични шанси да постигне погодок, а токму во тој дел „црваните“ го решија прашањето на победникот постигнувајќи четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…