Дома Македонски спорт Мак ракомет Додека се чека нов тренер, Самсоненко ќе ги води Вардарки

Додека се чека нов тренер, Самсоненко ќе ги води Вардарки

Индира Кастратовиќ, во неделата, доби отказ на тренерската функција во ЖРК Вардар, а до именување на нејзин наследник, на првиот следен натпревар тимот ќе го предводи тренерски тим составен од Сергеј Самсоненко, Едуард Кокшаров и Аце Станковски.

Раководството е во по потрага по нов тренер на женскиот клуб, на тренинзите помага Дејвид Камара од машкиот тим, а до именување на нов шеф на стручниот штаб екипата ќе ја предводи тренерски тим во кој се сопственикот Сергеј Самсоненко, директорот Едуард Кокшаров и помошникот на Кастратовиќ, Аце Станковски.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Верував дека ќе можеме со Кастратовиќ да се подобриме, но морав да направам промени. Мислевме дека ќе победуваме, дека ќе имаме игра, очекувавме нешто сосема друго, поради тоа решивме дека нешто мора да менуваме. Оваа одлука е само моја, никој не влијаеше врз донесувањето на одлуката. Со Индира бевме четири години заедно и понудивме да остане во Вардар, се надевам дека ќе ја прифати понудата. Додека не избереме нов тренер решив ние тројца да ја предводиме екипата на мечот со Лајпциг. Одговорноста околу резултатите и играта ќе ја преземам јас лично, но напоменувам дека ова е краткорочно решение“, рече на прес конференцијата Самсоненко.

ЖРК Вардар, на 21.октомври од 20:30 часот, во СЦ Јане Сандански, ќе го пречека тимот на Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Литванскиот селектор пред натпреварот вечерва: Дознавме како игра Македонија!

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската …