Дома Фудбал Англија Додека Мане играше против Баерн, крадци „оперираа“ во неговиот дом

Додека Мане играше против Баерн, крадци „оперираа“ во неговиот дом

Куќата на напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане била ограбена во моментите додека Сенегалецот играше против Баерн Минхен во Лигата на шампиони.

Англиските медиуми пренесуваат дека крадците кои влегле на имотот украле луксузни часовници, мобилни телефони и клучовите од автомобилот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Откако го ограбиле домот на Мане, дел од бандата се насочила кон куќата на Дејан Ловрен, која се наоѓа во непосредна близина. Меѓутоа, соседката на Хрватот случнала бука и повикала полиција, па крадците веднаш избегале.

Ова е втор пат да му се случи на Мане ваква кражба, откако во ноември 2017 година Сенегалецот беше жртва на крадци исто така додека игаше натпревар од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се приближува до враќањето дома и најави отворен тренинг на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“

Од Барселона официјално најавија дека првиот тим ќе одржи отворен тренинг на „Спотифај Кам…