Дома Топ вести Договорот финализиран: За 35 милиони евра тој е новото засилување на Барса

Договорот финализиран: За 35 милиони евра тој е новото засилување на Барса

Играчот на Бенфика Нелсон Семедо за сума од 35 милиони евра ќе го засили тимот на Барселона.

Спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез, и членот на раководството на Бенфика, Хавиер Бродас, во четвртокот вечерта го финализираа трансферот на 23-годишниот десен бек.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Семедо претходно ги договори личните услови со Барселона, која трансферот ќе го официјализира денеска кога Португалецот ќе ги мине лекарските прегледи.

Нелсон Семедо кариерата ја почна во Синтренсе, играл како позајмен во Фатима, а минатата сезона одиграл 42 натпревари за Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…