Емре Чан оваа сезона не е во плановите на тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, па ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок, пренесува „Скај Спорт“.
Најсилен интерес за Емре Чан покажува Борисија Дортмунд, која е во напредни преговори за трансфер вреден помежу 25 и 30 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот репрезентативец има одиграно само 279 минути оваа сезона во Јувентус, па сака по секоја цена да ја промени средината, за да може да конкурира за тимот на Европското првенство.
За него интерес покажуваа неколку клубови ширум Европа, но самиот Чан се одлучил за понудата на Борусија Дортмунд, па е спремен да се врати во Германија и дури да ја намали својата плата.
Емре Чан потекнува од школата на Баерн Минхен, а потоа играше за Баер Левекузен и Ливерпул, од каде пристигна во Јувентус во 2018 година.