Раководството на Интер јавно потврди дека Наинголан и Икарди не се во плановите за следната сезона и дека се ставени на трансфер листа.
Се уште се чека на нивни трансфер, а се чини дека после долги преговори, Нианголан ќе остане во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако имаше понуда од Кина, приоритет му е останување во Италија поради семејни причини.
Сега еден клуб од Серија А се вклучи во траката за неговиот потопис и веќе започна преговори со Интер, а станува збор за Фиорентина.
Фиорентина го сака играчот за врска на едногодишна позајмица со опција за откуп. Интер е спремен да ја прифати понудата бидејќи Наинголан не влегува во плановите на Конте, па клубот сака да се ослободи од неговата висока плата.
Фиорентина започна нов проект ова лето и сака значително да го засили тимот, а веќе ги доведе Кевин Принц Боатенг и Лирола од Сасуоло за вкупно 13 милиони евра.