Дома Топ вести Договорите на Меси и Нејмар проблем за Реал – Роналдо со ултиматум до Перез!?

Договорите на Меси и Нејмар проблем за Реал – Роналдо со ултиматум до Перез!?

Од Мадрид пристигнуваат интересни, но можеби и очекувани вести.

Oткако Португалецот стигна до својата петта „Златна топка“ во кариерата, а на Реал му донесе нова титула на Светското клупско првенство, Кристиано Роналдо има нови барања од „кралевите“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како што пренесува добро известената „Марка“, Роналдо сака да стане најплатен фудбалер на планетата, што значи сака зголемување на договорот за да биде пред Лионел Меси и Нејмар.

Португалецот смета дека како најдобар фудбалер во историјата, како што самиот се нарече, заслужува да добива најголемата плата во светот.

Меси неодамна  доби мега договор во Барселона, таков договор доби и Нејмар минатото лето кога пристигна во ПСЖ, а Роналдо сака да биде пред нив.

Во спротивно, тој не ја исклучува можноста да си замине, иако тоа секако е малку веројатно во овој момент.

Флорентино Перез не смее да ризикува, Роналдо е магнет за маркетинг, а покрај тоа и понатаму е најдобар фудбалер. Не е тајна дека Перез има план после две години Нејмар да ја превземе улогата на Роналдо, но тоа не значи дека на клубот од Мадрид во овој момент му е потребен хаос.

За работата да биде полоша, оваа вест ја пласираше извор од Мадрид, а не од Каталонија и тоа пред „Ел Класико“ кое се игра во сабота со почеток во 13:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…