Дома Топ вести ДОГОВОРЕНО: Се слави на „Енфилд“, Ливерпул поставува нов рекорд и Клоп добива фантастичен фудбалер!

ДОГОВОРЕНО: Се слави на „Енфилд“, Ливерпул поставува нов рекорд и Клоп добива фантастичен фудбалер!

van dijk

Како што пренесуваат англиските медиуми, Ливерпул постигнал договор и на „Енфилд“ пристигнува фантастично засилување.

Според „Телеграф“, „Црвените„ се согласиле да платат сума од 75 милиони фунти за Ван Дијк.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ливерпул и Саутемптон водеа долги преговори и во текот на летото, но сепак двата клуба тогаш не успеаа да се договорат за висината на оштетата. Во тие моменти Клоп за овој фудбалер беше спремен да понуди 60 милиони фунти.

Сепак, веројатно проблемите со одбраната кои оваа сезона се очигледни на „Енфилд“ немаа друг избор освен да ја платат сумата од 75 милиони фунти.

Покрај Ливепрул интерес за Ван Дијк покажаа уште Манчестер Сити и Челзи, но „црвените“ беа најконкретни и ја платија сумата која ја бараше клубот од „Сент Мери“.

 

Со овој трансфер ќе се собори летниот рекорд за најскап дефанзивец кој го постави Манчестер Сити доведувајќи го Кајл Вокер за сума од 54 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид спремен да го продаде Чуамени

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Орелиан Чуамени, пренесуваат ме…