Дома Трансфер зона Договорени се лекарските прегледи на Санчез?

Договорени се лекарските прегледи на Санчез?

Aлексис Санчез ова лето се очекува да го напушти Манчестер Јунајтед, а по се изгледа ќе се врати во Италија.

Санчез во Јунајтед стигна на почетокот на 2018 година од Арсенал како големо засилување и стана еден од најплатените играчи во Англија. Но, Чилеанецот целосно потфрли и Јунајтед цело лето се обидува да се ослободи од него и од неговата огромна плата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од пред неколку дена се појави веста дека Интер е сериозен во намерата да го доведе и овој трансфер е веројатно завршен. Тука можете да прочитате за начинот на кој ќе се пресели во редовите на „нероаѕурите“.

Италијанските медиуми тврдат дека Санчез утре пристигнува на леркарските прелгеди во Милано после што ќе следи потпишување на договорот.

Санчез пристигнува како позајмен играч до крајот на сезоната, а клубот наредното лето ќе може да го откупи неговиот договор за 18 милиони евра.

Од доаѓањето во Манчестер Јунајтед Санчез одигра 45 натпревари и постигна само пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…