Во Милан чекаат промена на сопствениците, но не онаа на која се надеваа навивачите. Имено, „Бахреин Инвесткорп“ се откажа затоа што едноставно не сакаше да влегува во наддавање со американскиот „РедБирд“
Првата понуда на Арапите беше една милијарда евра, стигнаа до 1,2, но кога Американците ја кренаа цената на 1,3, плус акциите на сегашниот сопственик „Елиот“, кој би бил имал помал дел од акциите работата беше завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кои се „РедБирд“?
Станува збор за инвестициски фонд кој пред осум години го основал Џералд Кардинале. Тој е поранешен партнер во Голдман Сакс, неговото богатство се проценува на една милијарда евра, основал приватен инвестициски фонд, кој поддржува брзорастечки компании, управува со околу четири милијарди евра и е трет по големина акционер на групацијата „Fanway Sports“. кои ги контролираат Ливерпул, Бостон Селтикс, Ред Сокс …
Што точно значи ова за Милан?
Пред се свеж капитал, секако изградба на нов стадион, „Елиот“ го доведе клубот на ниво да функционира по пазарни принципи, Американците сигурно ќе бараат профит, но спремни се и да вложуваат.
Кардинале во своја сопственост го држи француски Тулуз, има заеднички зделки со семејството Фридкин (сопственици на Рома), па може да се каже дека Американците поелка влегуваат во Серија А. Ќе потсетиме, Болоња, Фиорентина, Рома, Парма (Серија Б), Аталанта, Венеција, Џенова (Серија Б), имаа северноамерикански капитал, додека Интер е во кинески раце.
Преземањето на Милан од „РедБирд“ е најавено за два месеци, а Малдини и Масара ќе останат на своите позиции па така преодниот рок ќе тече без проблеми.