Дома Фудбал Доволно е само да истрча на терен: Меси вечерва поставува нов рекорд во Ла Лига!

Доволно е само да истрча на терен: Меси вечерва поставува нов рекорд во Ла Лига!

Eден од најдобрите фудбалери кои некогаш истрачале на зелениот терен, Лео Меси вечерва ќе постави нов рекорд во шпанската Ла Лига.

Натпреварот кој Барселона вечерва го игра против Џирона ќе биде 423-ти за Меси во шпанското првенство со што ќе испише нова странива во историјата на ова првенство и ќе стане – странец со најмногу настапи во Ла Лига!

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Досегашен рекордер беше неговиот поранешен соиграч, Бразилецот Алвес кој играјќи за Севиља и Барселона собра 422 настапи во шпанското првенство.

Во досегашните 422 натпревари, Меси има 320 победи, 66 нерешени средби и само 37 порази.

Натпреварот помеѓу Барселона и Џирона се игра со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус има нови лица на „радарот“ – тргна по Италијанци од Премиер лигата

Сите во Торино се свесни дека нешто во Јувентус мора да се менува, а веќе челниците на „Ст…