Дома Фудбал Добри вести за Реал – позната казната за Модриќ

Добри вести за Реал – позната казната за Модриќ

Во првото коло од Примера, Реал Мадрид оствари важна победа на гостувањето кај Селта, но остана без Лука Модриќ.

Хрватскиот плејмејкер заработи директен црвен картон поради еден старт врз Денис Суарез, а денес Федерацијата му ја изрече казната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Модриќ можеше да добие до три меча суспензија, сепак Федерацијата одлучи да го казни со само еден натпревар.

Проценето е дека Модриќ немал намера да го фаулира Суарез, па поради тоа помина со само еден натпревар суспензија.

Реал викендов го дочекува Ваљадолид на „Сантиаго Бернабеу“, а Модриќ ќе биде приморан да го пропушти тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаскојн за алкохолизмот: Никогаш нема да престанам да пијам

Пол Гаскојн, англиска фудбалска легенда, отворено призна дека цел живот се бори со зависно…