Килијан Мбапе, Лионел Меси и Марко Верати тренираа со екипата на ПСЖ пред натпреварот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Денеска и тројцата беа дел од тренингот на тимот кој утре го пречекува Баерн Минхен во првото осминафинале во Лигата на шампионите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Аргентинецот го пропушти дербито на Монако, а Мбапе не играше од почетокот на месецот и мали беа шансите да се рехабилитира за овој дуел.
Ренато Санчез и Норди Мукиеле се единствените кои го пропуштиле денешниот тренинг, и нема да бидат во комбинација за дуелот со Баерн Минхен.